Конкурс за доделување 10 стипендии за талентирани студенти
ФОНДАЦИЈА “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” ОБЈАВУВА објавено 06.12.2019
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 10 СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ
Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2019 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци бр.______ од _____2019 година објавува:
Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци доделува вкупно 10 стипендии за редовни студенти запишани на еден од факултетите при државните универзитети на територијата на Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да се државјани на Република Северна Македонија
- Да имаат постојано живеалиште во општина Кавадарци.
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат следниве дополнителни услови :
- Потврда за запишана година на еден од факултетите при државните универзитети на територијата на Република Северна Македонија
- Студентите не треба да се постари од 26 години
- Претходните години на студии постигнале просечен успех од најмалку 8,00
Предност при доделувањето на стипендиите ке имаат кандидатите кои потекнуваат од социјално ранливите категории ( студенти без родители, студенти кои потекнуваат од семејства со социјален статус и ниски примања)
Висина на стипендиите
- Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000,00 денари бруто по стипендист.
- Ќе се стипендираат 10 студенти за период од 9 месеци. Висината на стипендијата ќе изнесува 8.000,00 денари месечно бруто износ за учебната 2020 година
- Вкупниот фонд кој ќе се додели по овој повик изнесува од 720.000 денари бруто износ.
Потребни документи
- Пријава од апликантите до Комисијата
- Диплома од завршено средно образование со одличен успех.
- Уверение за положени испити(копија).
- Потврда за запишана година на еден од факултетите при државните универзитети на територијата на Република Северна Македонија.
- Фото копија од лична карта или пасош
Место и рок за поднесување на документите.
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „за Стипендии од фондација Никола Јанчев за стипендирање на талентирани студенти“ ул. ”Шишка” бр.37 Кавадарци.
Рокот за поднесување на документите е од денот на објавување на конкрусот до 16.12.2019 година. Пријавата може да се подигне од Веб страната на Фондација Никола Јанчев www.fnj.org.mk.
- Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
- Документите да се достават по пошта или директно во просториите на Кожувчанка ДОО ул. “Шишка” бр.37 Кавадарци.
- Резултатите ќе бидат објавени по завршување на огласот но не подоцна од 18.12.2019 година.
- Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Фондација Никола Јанчев.
- Поблиски информации можат да се добијат во Кожувчанка ДОО на тел. 043 400-963 .
Пријави за Доделување на стипендии
Пријава за Стипендија од Фондацијата Никола Јанчев за Студенти 2019 Превземи -Превземи тука