Донација за прочистувачи на воздух

Фондација Никола јанчев донираше 120 прочистувачи на воздух во основните училишта

Фондација Никола Јанчев

Хуманоста нека ни биде водилка која ќе ја води Општина Кавадарци напред кон човечките вредности кои го прават човекот богат.

Стипендии 2019 Доделување

Добитници на стипендии за 2019 година

Мисија

Мисијата на Фондацијата е “Поддршка и помагање на луѓе од Општина Кавадарци на кои им е неопходна помош”.

Статут

С Т А Т У Т НА ФОНДАЦИЈА “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци

Фондација Никола Јанчев

Фондацијата “Никола Јанчев“ е основана на 14.02.2018 година. Основач е г-дин Митко Јанчев, актуелен Градоначалник на Општина Кавадарци. Фондацијата има една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности.

Визија со која чекориме напред е Општина Кавадарци да прерасне во хумана заедница во која секој на секого му помага, заедница во која жителите ќе се третираат со респект, љубезност и почитување.

            Мисијата на Фондацијата е “Поддршка и помагање на луѓе од Општина Кавадарци на кои им е неопходна помош”.

           Стратешка цел на Фондацијата е:

Хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се образование, животна средина и спорт како и едукација на млади од секоја област.

           Фондацијата ќе ги реализира следниве активности:

 

  • Подршка на талентирани студенти од Општина Кавадарци.
  • Помагање и подршка на лица кои им е неопходно здравствено лекување .
  • Помагање на лица кои потекнуваат од фамилии со социјален статус во Оштина Кавадарци.
  • Подршка и потикнување на хуманитарни активности во Општина Кавадарци.
  • Организирање на хуманитарни настани во Општина Кавадарци.
  • Подршка на талентирани ученици и студенти од Општина Кавадарци.
  • Подобрување на животниот стандард на социјално загрозени семејства кои се погодени од елементарни незгоди (пожар, поплава) од Општина Кавадарци.
  • Подршка и помагање на деца без родители од Општина Кавадарци.
  • Подобрување на животот на лица со пречки во развојот од Општина Кавадарци.
  • Подобрување на животот на стари и изнемоштени лица од Општина Кавадарци.

 

    Хуманоста нека ни биде водилка која ќе ја води Општина Кавадарци напред кон човечките вредности кои го прават човекот богат.

Copyright (c) Фондација Никола Јанчев 2018. All rights reserved.
Designed by themescreative.com