Донација за прочистувачи на воздух

Фондација Никола јанчев донираше 120 прочистувачи на воздух во основните училишта

Фондација Никола Јанчев

Хуманоста нека ни биде водилка која ќе ја води Општина Кавадарци напред кон човечките вредности кои го прават човекот богат.

Стипендии 2019 Доделување

Добитници на стипендии за 2019 година

Мисија

Мисијата на Фондацијата е “Поддршка и помагање на луѓе од Општина Кавадарци на кои им е неопходна помош”.

Статут

С Т А Т У Т НА ФОНДАЦИЈА “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци

Статус

            Врз основа на член 31 од Законот за здруженија и фондации  (“Сл. Весник на РМ” бр.52/10, 135/11 и 55/16), Одборот на Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ Кавадарци, на ден 14.02.2018 година го донесе:

С Т А Т У Т

НА ФОНДАЦИЈА НИКОЛА ЈАНЧЕВ Кавадарци

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

            Со овој Статут се утврдува и регулира:

  • Името и седиштето на Фондацијата;
  • Целите на на Фондацијата;
  • Дејноста со која се остваруваат целите на Фондацијата;
  • Внатрешната организација, видот и составот на органите, надлежностите, начинот на изборот и разрешување на членовите на органите, траење на мандатот на членовите на органите и начинот на одлучувањето;
  • Законското застапување;
  • Начин на стекнување и располагање со средствата;
  • Начин за донесување на деловни, финансиски и други извештаи;
  • Начин на остварување на јавност и транспарентност во работата;
  • Начин на донесување, изменување и дополнување на статутот;
  • Начинот на одлучување за статусни измени и престанок на фондацијата;
  • Постапувањето со средствата на фондацијата во случај на престанок на фондацијата;
  • Начина на донесување на планови и програми и други акти; и
  • Други прашања предвидени со Закон.

 

ИМЕ И СЕДИШТЕ НА ФОНДАЦИЈАТА

 

Член 2

            Името е Фондацијата НИКОЛА ЈАНЧЕВ Кавадарци (во понатамошниот текст Фондација)

            Кратко име на Фондацијата е Фондација Никола Јанчев Кавадарци.

            Седиштето на Фондацијата е во Кавадарци со локација на ул. “Шишка”  бр.37 Кавадарци.

Дејноста на фондацијата е: 94.99 Дејности на други организации врз база на зачленување неспомнати на друго место.

 

Член 3

            Фондацијата има статус на правно лице и работи врз основа на принципот на непрофитност.

            Секоја добивка која ќе се оствари во рамките на вршењето на дејностите и активностите предвидени со статутот и програмата за работа ќе биде употребена за целите за кои е и основана истата и не може да се распределува меѓу основачите, членовите на органите, директорите или други лица кои непосредно учествуваат во работењето на фондацијата.

 

Член 4

            Фондацијата има свој печат и штембил.

            Печатот е во тркалезна форма и го содржи името на Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци.

            Штембилот е со правоаголна форма и содржи: називот на Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ”, Кавадарци број и дата . 

Член 5

            Фондацијата работите ги врши јавно и транспарентно преку транспарентно објавување на статутот и другите акти донесени во рамките на нејзиното делување.

Член 6

            Фондацијата не може да врши активности на политичка партија односно нејзините средства не можат да се користат за директно или индиректно финансирање на конкретната политичка партија и да влијае на изборниот процес.

            Фондацијата е слободна во промовирањето на ставовите и мислењата за прашањата од нејзин интерес и може да поведува иницијативи и да учествува во градењето на јавното мислење и креирање на политиките.

Член 7

Фондацијата се организира и делува врз територијален принцип на територијата на Република Македонија.

Член 8

Основач на Фондацијата е:

Митко Јанчев со живеалиште на ул. “Страшо Пинџур” бр. 82 Кавадарци  

ЦЕЛИ НА ФОНДАЦИЈАТА

Член 9

Цел на Фондацијата НИКОЛА ЈАНЧЕВ е:

Хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се образование, животна средина, спорт како и едукација на млади од секоја област.

 

ОРГАНИ НА ФОНДАЦИЈАТА

Член 10

            Органи на управување на Фондацијата се: Одборот и Директорот.

 

а) ОДБОР

Член 11

            Одборот е највисок орган на управување на Фондацијата.

            Основачот при основањето на фондацијата ги именува членовите на Одборот со посебна Одлука за избор и именување.

            Одборот брои 5 членови.

            Членовите на Одборот се именуваат со мандат од 4 години со можност за нивно повторно именување од страна на одборот.

Претседателот на одборот се избира со мнозинство од вкупниот број на членови.

Член 12

Надлежности на Одборот:

            - Донесува статут, програма и други акти;

            - Усвојува годишен извештај за работата и финансиски извештај и го објавува на својата ВЕБ страница;

            - Доставува финансиски извештај до Основачот согласно законот;

            - Одлучува за промена на целата фондација;

            - Одлучува за внатрешната организација и организационите форми на Фондацијата;

            - Одлучува за статусни измени на Фондацијата;

            - Одлучува за престанок на фондацијата;

            - Врши и други работи во согласност со статутот и актите на фондацијата. 

Член 13

            Одборот работи на седници.

            Седниците ги закажува и ги води Претседателот на Одборот.

            Одборот се состанува по потреба.

            За одржаните седници задолжително се изготвува Записник кој го потпишуваат сите членови на Одборот.

            Одборот донесува посебен акт - Одлука за одредени поединечни прашања како и други работи од делокругот на работењето на Фондацијата.

            Одлуките се проследуваат и задолжително се доставуваат на Директорот за нивна реализација.

Член 14

            Членовите на Одборот се одговорни пред основачот за остварувањето на целите и задачите на Фондацијата утврдени со овој Статут.

Член 15

            Основачот со посебно решение одлучува за разрешување на членовите на Одборот.

            На член на Одборот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е именуван во следните случаи:

            - Кога ќе се утврди дека постапувал спротивно на целите и активностите  на фондацијата како и спротивно на Закон;

            - По сопствено барање;

            - Доколку на три седници на Одборот последователно не присуствува, а истото не го оправда;

            - Во случај на смрт.

 

б) ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ

Член 16

            Еден од членовите на Одборот се именува за Претседател на одборот.

            Мандатот на Претседателот на одборот изнесува 4 години со можност за негово повторно именување.

Член 17

            Претседателот на Одборот е надлежен за:

- Свикување на седниците на Одборот.

- Раководење со седниците на Одборот.

- Дава насоки согласно заклучоците на Одборот.

- Дава мислења и ги предлага програмите и извештаите на Фондацијата.

- Ги предлага целите на фондацијата.

- Иницира измена и дополнување на Статутот.

 

в) ДИРЕКТОР

            Член 18

            Фондацијата ја застапува, претставува и во нејзино име потпишува Директорот на Фондацијата.

            Директорот може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија.

            Директорот на фондацијата го именува Одборот со мандат од 4 години со право на реизбор.

            Директорот на Фондацијата за својата работа е одговорен пред одборот и основачот.

Член 19

            Директорот на фондацијата ги врши следните работи:

            - Ја организира и раководи работата на Фондацијата;

            - Ја претставува и застапува Фондацијата и склучува договори со трети лица;

            - Потписник е на сметката на Фондацијата;

            - Го подготвува извештајот за работењето на фондацијата и годишни сметки по завршувањето на деловната година и ги поднесува на Одбор;

            - Должен е да дава годишна Програма и годишен извештај за функционирањето на Фондацијата до Советите на Општините основачи.

            - Одговорен е за законитоста во работењето на Фондацијата. 

Член 20

            За извршување на административно – стручни, помошни и слични работи, како и за остварување на целите и задачите на Фондацијата, истата може да формира стручни служби.

 

г)КОМИСИЈА

Член 21

Паричните средства генерирани на сметка на фондацијата ќе ги распределува комисија која е составена од 5 членови со мандат од 4 години со право на реизбор.

Членовите на комисијата ги именува одборот.

За членови на комисија може да бидат назначени и од редот на членови на одборот како и истакнати лица од следните области образование, спорт, здравство и социјала.

 Член 22

            Комисијата е должна да ги прима документите, да ги разгледува и одлучува за распределба на средствата од фондацијата .

            Истата се состанува по потреба, должна е да составува записник и истата дава извештај на Основачот, Одборот и директорот за распоредување на паричните средства.

 

ПОСТАПКА И НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ФОНДАЦИЈАТА

Член 23

            Основачкиот капил во износ од 10.000 Евра во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка на Република Македонија, на денот на поднесување на актот за запишување во регистарот, се обезбедува од страна на основачот.

            Фондацијата обезбедува средства за вршење на својата дејност од  донација.

            Фондацијата своите средства, односно приходите ги употребува исклучиво за остварување на целите и задачите утврдени со овој Статут.

Член 24

            Членовите на органите на Фондацијата се должни да управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на фондацијата, а над личните интереси.

            Средствата на организацијата не можат да се исплаќаат на членовите, основачот, членовите на органите, застапниците, освен во случаи кога член на фондацијата е корисник на услугите на фондацијата во согласност со целите определени со статутот на фондацијата.

Член 25

            Фондацијата за своите обврски одговара со целиот свој имот и средствата.          

 

ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ

Член 26

            За измена и дополнување на одредбите од Статутот на Фондацијата потребна е согласност од основачот.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ФОНДАЦИЈАТА

Член 27

            Фондацијата се основа на неопределено време.

Член 28

            Фондацијата престанува со својата работа:

            - Со одлука за престанок од основачот;

            - Поминато е двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на највисокиот орган на фондацијата, а таа не е одржана;

            - Во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон;

            - Донесена е статусна измена која предвидува престанок на постоењето;

            - Донесена одлука на надлежен суд;

            - Стечај;

            - Спроведена ликвидација;

            - Други случаи предвидени со Закон.

Член 29

По престанокот на работата  на Фондацијата, средствата што остануваат по намирување на побарувањата, имотот и средствата се пренесуваат на  основачот.

Член 30

Статутот влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

          Кавадарци                                                                                            Фондација                                                  

Датум 14.02.2018 година                                                               НИКОЛА ЈАНЧЕВ Кавадарци                                               

                                                                                         

                   

                

                                                                                               

Copyright (c) Фондација Никола Јанчев 2018. All rights reserved.
Designed by themescreative.com